Мицкоски до Гир: Се злоупотребува европското знаменце за новиот Предлог-закон за канабис

од Nikola Popovski

Заедно со меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остваривме средба со евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир. На својот соговорник му ја презентирав концепцијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Македонија за сите луѓе“, како и промоциите на нови политики кои како понуда ВМРО-ДПМНЕ ќе ги престави пред граѓаните на следните избори, објави лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

Според соопштението на партијата, Мицкоски го информирал евроабасадорот Гир за високиот степен на корупција и криминал во државата, како и за злоупотребата од страна на власта на европското знаме при носењето закони во законодавниот дом, како последен пример за злоупотреба на европското знаме е новиот Предлог закон за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанци.

-Претседателот Мицкоски ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправното членство на Македонија во Европската Унија, засновата на принципиелна основа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини