Мицкоски: Доколку Заев потпише нов договор, ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ изјави дека неговата партија нема никогаш да го почитува новиот договор, кој евентуално премиерот Зоран Заев би го потпишал.

„Сметам дека Заев ќе потпише договор, со кој што ќе не поништи и ќе го уништи нашиот идентитет. Јавно кажувам ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува тој договор. Еве и доколку не дојде до тој договор, доколку бугарската страна ни дозволи да ги почнеме преговорите со ЕУ, секогаш ќе постои таа историска комисија, која како „Дамаклов меч“ ќе ни стои секогаш над главите при секое поглавје, да може да се вратиме од почеток“, вели Мицкоски.

Тој уште еднаш упати апел до европските политичари да помогнат Македонија конечно да добие датум за преговори.

Слични содржини