Мицкоски е подготвен да преговара со ДУИ

од Берта Китинска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на днешната прес-конференција посочи дека е подготвен да преговара со ДУИ, но нема да прифати премиер Албанец.

„Не направивме предизборна коалиција со политичките партии од албанскиот блок, но не значи дека нема да направиме пост изборна коалиција. И во 2016 и овој пат, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе пратеници од коалицијата на СДСМ“, изјави Мицкоски.

Имаме гласови од сите етнички заедници, потенцираше Мицкоски, но најмногу од македонскиот народ.Во текот на денот ДИК ќе излезе со конечни резултати, потенцираше Мицкоски, кој рече дека разговарал со претседателот на Комисијата, кој рекол дека ДИК била цел на хакерски напад.

Слични содржини