Мицкоски е против, ама не одговори што не му се допаѓа во името „Илинденска Македонија“ !?

од desk4

Премиерот Заев напрвиот дуел на МТВ го праша Мицкоски зошто за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатливо името Република Илинденска Македонија.

 

25 години Македонија беше заглавена во калта на патот кон ЕУ. Патриотизам на гладен стомак нема. Што ако не се реши спорот во наредните 10 години. Тоа е лидерство. На крај ќе има референум, граѓаните ќе одлучат. Кажете ми што не чини во Илинденска Македонија, што ви смета во Илинден. Лесно е да кажете ние сме против, без аргументи. И опозицијата мора да биде одговорна во овој процес. Јас верувам дека треба да се обидеме, затоа што решението е достоинствено. И во Њујорк ќе се обидеме, додека можеме да се обидуваме. Сега сме блиску, во наредните 10 години ќе биде многу потешко, рече Заев.

Мицкоски без одговор зошто предлогот Република Илинденска Македонија е  неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија конечно после 11 години зачмаеност е на вистинскиот пат кон стратешките определби-ЕУ и НАТО, а тоа го потврдуваат и сите извештаи за земјата истакна во своите завршни зборови премиерот Зоран Заев на вечерашаниот ТВ дуел на националниот сервис со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според него, стабилноста на економијата веќе ги дава своите резултати и ќе продолжи да ги дава, а граѓаните, рече, се тие кои треба да ги почувствуваат економските резултати.

– Јас сум убеден дека периодот пред нас тоа ќе го потврди затоа што како мала земја со мал пазар ние можеме преку пријателство, преку отворање нови пазари зголемување на извозот, на севкупните инвестиции, зголемување на БДП тогаш да очекуваме граѓаните да почувствуваат од оваа работа.Во периодот што е пред нас ние како левичари очекуваме граѓаните да видат и фер општество за сите. Најавувам време во кое што ќе има праведно оданочување каде што побогатите ќе плаќаат повеќе, а посиромашните дел помалку, каде што токму со тие пари ќе се помогне на социјално најзагрозените преку социјалната помш, преку бесплатното болничко лекување, каде вистински ќе градиме социјално општество какво што доликува на една нормална земја, каква што Република Македонија конечно е, порача Заев.

Лидерот на опозицијата Мицкоски, пак, ги повика граѓаните, кои како што рече, се разочарани од актуелната власт, да им се придружат со цел што поскоро да организираат избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе ја формира новата влада.

– Освен неуспешни проекти и реформи во образованието, во судството, и во економијата ние неможеме ништо друго да видиме. Упатувам порака до граѓаните да не се разочаруваат од ова што ни се случува. ВМРО е тука, работиме на дневна основа, на новата програма, новото утро што ќе донесе подобар живот и Македонија на крајот ќе победи, рече Мицкоски.

Во текот на дебатата премиерот Заев истакна дека економските реформи се клучни и ги даваат резултатите, а според Мицкоски дека економските параметри на Владата не гарантираат подобар живот за граѓаните.

– Затекнавме заробена држава и комплетно урнисана економија и работници со минимални плати од 9.000 денари со згазени рботнички права и целосно контролирани синдикати. До крајот на 2019 година ќе се остварат нашите ветувања за просечна плата од 500 евра, а во тоа ни помага зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари што веќе почна да дава резултати предизвика пораст на просечната плата за 5,6 отсто, порача премиерот Заев.

Тој посочи дека преку воведувањето на евтината дневна тарифа на струјата веќе на граѓаните им се вратени околу 11 милиони евра, а со укинувањето на радиодифузната такса 12,4 милиони евра.

– Најсериозниот пораст на плати ќе се случи ако има инвестиции во државата, а инвестиции се случуваат заради Програмата за економски раст и политиките на Владата. Резултатите во Македонија се гледаат и верувам дека сето тоа ќе придонесе до крајот на 2019 година да се постигне плата од 30.000 денари, рече Заев.

Нагласи дека во моментов се преговара со 200 потенцијални инвеститори и додаде дека изедначувањето на условите за домашните и странските инветитори ќе проидонесе повеќе домашно инвеститори да се одлучат да инветираат во земјава, а тоа, како што кажа, се сигурни инвестиции бидејќи тука ќе останат.

Слични содржини