Мицкоски: Францускиот предлог е нокаут со продолжено дејство

од Nikola Popovski

Целосно ќе се фокусираме на решението околу францускиот предлог. Оваа Влада веќе неколку часови преку нарачи бриф-реченици во медиумите да создава голем триумф. Можам да заклучам дека овој модифициран предлог го немаме видено, но можеме да споделиме дека врз основа на информациите со кои ние располагаме дека е ништо друго освен два модифицирани зборови различни од претходниот предлог, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција пред седиштето на партијата.

-Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Сето ова е врз основа на наши извори, додаде Мицкоски за денешниот француски предлог што пристигна во Владата.

Претседателот на најголемата опозициска партија прашува „од каде знае Еди Рама дека овој предлог е прифатлив за Македонија и народот“.

-А нашата партија и граѓаните не се запознаени. Од каде Рама ја има оваа информација, а ние ја немаме? Нокаут е затоа што Владата на СДСМ и ДУИ има слаб карактер и затоа го кријат, изјави Мицкоски.

Слични содржини