Мицкоски ги пофалил успесите на Заев во Брисел

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва за време на лидерската средба во претседателската резиденција, му изразил признание за успесите на премиерот Зоран Заев во Брисел, како и за неговата храброст и одговорност да понуди предвремени избори, тврди „Фронтлајн“.

Премиерот и лидер на СДСМ, посочува порталот, на средбата реферирал за поддршката што нашата земја ја добила од сите лидери на земјите членки на ЕУ, особено за реформите што се спроведуваат во земјата.

Мицкоски, наводно, не кажал ни збор за тоа дека реформите не се спроведени, ниту било каква критика, туку имал само пофални зборови и признанија како реакција на излагањето на Зоран Заев.

Лидерите, како што соопшти претседателот Стево Пендаровски ја изразиле својата безрезервна поддршка за ЕУ и НАТО перспективите на Северна Македонија.

Слични содржини