Мицкоски и Села заеднички работат на создавање на парламентарно мнозинство

од Берта Китинска

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците Христијан Мицкоски и Зијадин Села на заедничка средба  ја потврдија заемната поддршка во вториот круг oд локалните избори за општините за кои имале договор за првиот круг.

–  И покрај манипулациите, притисоците, купувањето на гласови и злоупотребите, граѓаните докажаа дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво, соопштија од Алијанса за Албанците.

Во соопштението на Алијанса за Албанците по средбата, се вели дека нивната коалиција со Алтернатива е стабилна и дека заеднички се работи на создавање  ново парламентарно мнозинство во многу краток период.

Слични содржини