Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе забрани увоз на тутун пред да биде откупен целиот тутун во државата

од Nikola Popovski

„Следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе го укине Законот со кој што се дозволува пред да биде откупено целото количество на тутун кој што го произведуваат тутунопроизводителите, тутунарите од Македонија, да се увезува од надвор, односно од странство тутунот во Македонија,“ изјави денеска Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при посетата на Прилеп.

Тој вели дека она кое што сакал да го слушне денес од прва рака, тоа и се остварило, а тоа е ниската откупна цена која што е присутна во овој крај.

„Во Прилепско, во Долненско е исклучително е би рекол ниска, како никогаш досега, пониска била само можеби во 2005-тата година, исто така кога СДСМ беше на власт. Од информациите со кои што располагам, не само овде во Коњаре, во Големо маало, таква ситуацијата е и во Дебриште, така е и Црнилиште, така е и во Канатларци, буквално насекаде тутунарите во овој крај во Прилепско, во Долненско се разочарани од политиките кои што се денес секојдневие“, потенцира Мицкоски.

 

Слични содржини