Мицкоски: Јасно кажавме дека осудените за 27 април можеби го прекршиле законот

од Nikola Popovski

„ВМРО-ДПМНЕ има прецизен став во врска со тоа прашање, станува збор за луѓе што се неправедно осудени и квалификувани како терористи, тоа е срам за судскиот систем што дозволува, еве, до ден-денеска, сѐ уште тие луѓе да не може да користат вонреден правен лек, односно да може да ја обжалат пресудата на второстепениот апелациски суд и до врховниот и до ЕСЧП, односно Евроспскиот суд за човекови права, ние јасно и гласно кажавме дека тие можеби го прекршиле законот, т.е. некои од нив и признаа пред судот“, изјавил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Штип, одговарајќи на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи протестите за осудените за тероризам од 27 април.

Тој потенцира дека партијата не е организатор, но ќе ги поддржува протестите „што во крајна цел имаат правда, односно секој да има можност да ја докаже својата невиност за тоа што е осуден, нормално доколку постојат докази за некое друго сторено кривично дело или прекршување на законите“.

„Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина да го практикува“, нагласи Мицкоски.

Слични содржини