Мицкоски: Ќе одиме кај Пендаровски за да ни покаже докази со кои Заев го убедил дека има мнозинсвто

од Берта Китинска

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција најави дека со дел од пратеничката група попладнево ќе се упатат кон канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски за да проверат дали Заев доставил доказ за обезбедено собраниско мнозинство.

-Денеска со пратениците ќе одиме пред канцелариите на претседателот, пред вилата Водно, и ќе бараме Пендаровски да прими барем двајца од нас и да ни објасни врз основа на што тој го доделил мандатот за состав на нова влада без обезбедено мнозинство.Денеска беше прекршен Уставот без доказ без потврда  од страна на претседателот Стево Пендаровски дека има остварено мнозинство мандатот му беше даден на Зоран Заев.Отука од овој момент никако поинаку не може да се опише оваа состоја тука само дека мандатот е узурпиран би рекол киднапиран, од страната на Заев.Апелирам до преседателот да не прими за да ни објасни, врз која основа го доделил мандатот на Заев, изјави  Мицкоски.

Слични содржини