Мицкоски: Ќе водиме позитивна кампања, нема да користам недолична реторика

од Nikola Popovski

Не верувам дека постои човек што е објективен, а верува дека оваа влада прави нешто добро во моментов и претходно, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“.

Според него, како партија треба да ги слушаат објективните граѓани и да ги убедат дека не се сите исти и дека за нив треба да работат.

-Овие избори ќе бидат одлучувачки за понатаму. Ќе водиме позитивна кампања, за да можеме да мобилизираме што повеќе гласови. Не можам да користам реторика, која не доликува. СДСМ одбра кампања на напади и мислам дека се многу исплашени. На 17-ти октомври ќе биде судниот ден дали ќе продолжиме со ова што сме сега или ќе одбереме нешто ново, посочува Мицкоски.

Слични содржини