Мицкоски: Кукавици ми се закануваат, не пријавив во МВР

од Nikola Popovski

„Јас кога би знаел би било многу полесно да се справам со тие кукавици, но се анонимни“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето кој му се заканува и дали би ги пријавил овие закани во МВР.

„Каде да ги пријавам, каде што ме оставија без обезбедување под изговор дека не е мојот живот во опасност. Сам се шетам и немам намера да барам нешто од МВР и тие луѓе таму“, вели лидерот на најголемата опозициска партија.

Тој пред неколку дека соопшти дека добива смртни закани откако неговата партија објави информации додека истовремено властите ја спроведуваа акцијата „Двојник“ со апсење на референти и контролори кои продавале пасоши со лажен идентитет за подземјето од регионот.

Слични содржини