Мицкоски: Македонија ни се празни, пописот би бил валиден само под еден услов

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Клан, на новинарско прашање околу пописот одговори дека „Македонија ни се празни“.

„Не сме ни два милиони луѓе. Сметам дека сме помеѓу 1,4 и 1,6 милиони луѓе, односно слична бројка како што објави претходно списанието „Економист“, вели Мицкоски, додавајќи дека пописот е можен само доколку имаме терминали за попис.

„Во друг случај не гледам причина како ќе ги признаеме резултатите од пописот“, потенцира Мицкоски.

Запрашан околу спорот со Бугарија, Мицкоски истакна дека ваквите барања од страна на Република Бугарија ниту се човечки, ниту етички, туку тотално надвор од здравиот разум и на ваквите барања не смее да молчи бирократијата во Брисел.

„Брисел е тој што е неопходно да реагира на ваквите притискања на македонската нација и притисокот кој одредени политичари го прават врз Македонците“, изјави Мицкоски.

Слични содржини