Мицкоски: Македонија со Заев доби капитулантски договор

од desk2

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го повтори својот став дека договорот за името со Грција е капитулантски и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на седниците за овој договор.

Мицкоски вели дека Македонија не добила датум за преговори, туку датум за преоценка на состојбите.

„Македонија не доби чиста препорака веднаш, како што впрочем ветуваше Зоран Заев и Владата, туку само надеж дека можеби идната година ова време ќе се исполнат целосно критериумите за определување на датум за преговори. Македонија цела година ќе мора да тапка во место затоа што согласно извештајот потребно е да се направи прогрес во борбата против корупцијата, суштински реформи во повеќе области и создавање на услови за независно судство. Оваа неспособна влада не ги исполни критериумите и тоа е констатирано“, изјави Мицкоски.

Слични содржини