Мицкоски: Мојот сон е Македонија за сите луѓе, сон кој ќе стане јаве за неколку месеци

од Vladimir Zorba

Дојде во Гостивар, нервозно ме нападна, ме навредуваше се посрамоти и си отиде. Министерот кој потпиша македонски пасоши на балкански нарко босови, а нема за македонските граѓани, нема регистарски таблички, осуденици му бегаа од затвори, се прислушкуваа обвинители и судии, шверцуваа цигари градоначалници, шверцуваа дрога и мигранти полициски началници и што ли уште не, зборува за реформи! Ова е нашата реалност што ја нудат овие луѓе. Криминал, корупција, срам и порази, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Таа доаѓа по изјавата на министерот завнатрешни работи, Оливер Спасовски дека Мицоскинеможе даја реформира својата партија, а не пак државата.

„Јас нема да зборувам на нивото како овој човек. Времето на политичките изманици и циркузанти помина. На народот му се потребни решенија. Мојот сон е Македонија за сите луѓе. Сон кој ќе стане јаве за неколку месеци од денес. Многу чесна работа и откажувања. Безмилосна борба со криминалците и корумпираните во политиката, одговорност…, стоп за срамот и поразите, понуда на победи и успеси“, вели Мицкоски.

Слични содржини