Мицкоски: Молчевме периодов за да не бидеме ние причината за недобивањето датум

од Nikola Popovski

Можеби бевме предмет на критики во јавноста бидејќи бевме молчевме изминатиот период и не бевме присутни. Тоа беше само со една цел, свесни дека ќе има критики кон нас, за да не бидеме ние причината зошто не ја добивме датум за почетокот на преговорите со ЕУ, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата што ја имаше со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој, меѓу другото, изјави дека „сега кога веќе е јасно дека поминува декември и се даваат нови 6 месеци, полека заминува последниот адут на Владата“.

-Имајќи ја во предвид ситуацијата во општеството, корупцијата, мојот став е дека само со сериозен рест на систем и макотрпна работа на нови луѓе, ќе излеземе од оваа кризна состојба, а за тоа се потребни предвремени парламентарни избори, потенцира Мицкоски.

Слични содржини