Мицкоски: Мостот на Шилегов завршува во нечија дневна соба

од Nikola Popovski

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, претседателот Христијан Мицкоски истакна дека единствено она за што се грижи Петре Шилегов е зголемување на својот личен имот, а лагите за тунелот под Калето, лунапаркот и мостот, кој завршува во нечија дневна соба, покажува само дека аматеризмот на Шилегов е поголем од неговото неработење.

-Сообраќајниот хаос е последица на тоа што градот Скопје престана да се развива. Скопје 4 години се дави во смет, во хаос, бетон и лажни надежи на градскиот татко. Единствено каде вистински се потрудија градоначалниците од власта е во нивната трка за зголемување на личниот имот, каде Шилегов е шампион – посочи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека единствено каде што вистински се потрудиле градоначалниците од власта е во нивната трка за зголемување на личниот имот, каде што Шилегов е шампион.

Тој порача дека кандидатката за општина Центар, Котлар одбрала да се бори кога, како што рече, многумина се повлекле.

-Професорката Котлар одбра да се бори, кога морам да признам многумина се повлекуваа. Така е и денес за Центар, одбра да се бори кога многумина викаа дека е невозможно да се добие довербата зошто Центар бил упориште на власта. Котлар покажа дека Центар гласа независно од се друго – рече Мицкоски.

Слични содржини