Мицкоски: На 12 април ќе имаме нов победник, тоа е Обновата за Македонија

од Vladimir Zorba

За Република Македонија нема друга алтернатива и за тоа сите се договоривме, рече кратко лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба.

„Следуваат предврмени избори, победува Обновата за Македонија, а потоа работа, работа секој ден, за се што е изгубено во последниот период“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека Шекеринска е последниот човек од транзицијата и кога таа го критикувала, сметал дека е на вистинскиот пат.

„Немаше дискусија за тоа кого ќе предложиме во техничката влада, за нас беше важно да се добие термин за предвремени избори, така што битно е дека имаме нова реалност, дека 3 јануари 2020 година ќе имаме нов технички премиер, на 12 април ќе имаме нов победник, тоа е Обновата за Македонија“, рече Мицкоски.

Тој рече дека побарал да се разговара во поинаков формат зошто имало теми кои не се под ингеренции на претседателот на државата.

„Јас побарав да заземеме став, можеби и ние да донесеме декларација дека барањето да се каже дека не постои македонски јазик е навреда. Очекувам на некоја од следните средби тоа да се отвори, да кажеме дека ниту ни паѓа на памет, ниту имаме намера тоа како политички партии да го прифатиме“, рече Мицкоски.

Вели, побарале пописот да не биде статистички и да биде во 2021 година, на почетокот, а не на крајот на декадата, но и дека не гледа дека би имало попис наредната година.

Слични содржини