Мицкоски: Најавивме кривична за Филипче, но потоа заклучивме дека не треба

од Vladimir Zorba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Микцоски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека се повлекле од идејата да му поднесат кривична пријава на министерот Венко Филипче.

-Ние најавивме на почетокот кривична пријава, но врз основа на сите оние информација кои потоа дојдоа до нас, заклучивме дека во овој момент не треба да се поднесуваат кривични пријави. Не би се согласил дека граѓаните мислат дека Филипче добро менаџира со кризата. Да претпоставиме дека добро менаџирал со кризата, но пред кризата народот за менаџирањето со здравството му дал двојка. Па сега вие заклучете дали тој треба да менаџира со здравството по кризата, рече Мицкоски.

Слични содржини