Мицкоски најавува нови чекори: „Ова ќе потрае, за граѓаните нема да биде страшно“

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информира дека ќе има и други чекори, освен активната блокада на Собранието.

-Ова ќе потрае. Имаме многу проблеми, а владата нема капацитет. Затоа ова што го правиме е легитимно и нормално и да бараме предвремени избори. Ние не ги блокираме законите кои што се во интерес на граѓаните, а тоа се повисоки плати и пензии, подобар стандард. Се останато, како што беше автентичното мислење за Законот за игрите на среќа ќе биде блокирано, информира Мицкоски во емисијата „Топ тема“.

Мицкоски појаснува дека не се однесуваат себично, но не откри кои се наредните чекори на партијата.

-Не би било стратегија ако ние јавно секој чекор го кажуваме. За граѓаните нема да биде страшно, но ќе биде страшно за политичарите од власта и ќе треба да одговорат на многу прашања. Долго време чекавме, бевме многу внимателни. Граѓаните дури ни велеа зошто сте толку мирни. Некои ни велеа добивте општини и сега си уживате. Но не сме сите исти. Сакаме да обезбедиме стабилност. Неколку пати подавам рака до премиерот, информира Мицкоски за што разговарал со граѓаните, кои како што вели, „90% од нив барале од него да преземат нешто како партија“.

Слични содржини