Мицкоски: Нашата коалиција со АА и Алтернатива ќе ги победи СДСМ и ДУИ

од Nikola Popovski

Коалицијата со Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги победи неспособноста и криминалот, односно коалицијата на СДСМ и ДУИ, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на промоцијата на кандидатот за градоначалник на општина Велес.

Тој вели дека од оваа соработка се очекува да бидат поразени политиките на корупција, безидејност, но и безнадежноста и апатијата до кои доведе актуелната власт, која нема никаква стратегија и визија.

– Очекувам конечно оваа коалиција да победи ја победи неспособноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, безнадежноста, апатијата, немањето никаква стратегија, немањето визија за развојот на Македонија, односно да ја победи коалицијата СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата АА и Алтернатива денес ја официјализираа соработката за претстојните локални избори.

Претседателите на Алијансата на Албанците, Зиадин Села, и претседателот на Алтернтив, Африм Гаши, денеска се сретнаа со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Со цел што подобро да се артикулира опозицискиот глас, како и да се претстават најдобро интересите на сите граѓани на локално ниво, тројцата претседатели, истакнувајќи ги овие начела, се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии, соопштија од партиите.

Слични содржини