Мицкоски: Нашата црква мора да е обединета

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го оцени денешниот ден како голем, откако СПЦ и партијархот Порфириј ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.

-Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи, порача Мицкоски.

Тој упати честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности.

-После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија, оценува Мицкоски.

Српскиот партијарх Порфириј денеска од Соборниот храм во Скопје рече дека Македонија ја красат највисоките православни благослови, место каде со векови се лееле солзи за спас на човечкиот род.

-Да се ​​радуваме денеска затоа што со нас се радува целата Црква. Се радуваат небото и земјата. Кога браќата се сакаат, кога го слават името Божјо, се радуваме што после 55 години света итургија се служеше прво во Белград, а сега во Скопје, за само неколку дена, рече Порфириј.

Слични содржини