Мицкоски: Не е точно дека италијанските власти му реагирале на Чулев за издавање информации за акцијата во Крушопек

од Vladimir Zorba

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наденешната прес-конференција изјави дека не е точно тврдењето на дополнителката заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска, дека италијанските власти му реагирале на министерот Наќе Чулев за издавање информации во јавноста за акцијата за заплена на кокаин во Крушопек.

„После три години мораториум во борбата со криминалот и кокаинот во државава, акцијата се случи. Јас навистина би сакал да знам од каде ви е таа информација дека нашите сојузници од Италија реагирале во насока на тоа. Доколку ги прашате нашите сојузници од Италија мислам дека ќе добиете поинаков одговор од тоа што заменичката Петровска го изјавува“, вели Мицкоски.

Слични содржини