Мицкоски: Не е точно дека Камчев ја финансира нашата кампања

од Vladimir Zorba

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле демантираше дека бизнисменот и обвинето во случајот „Империја“, Орце Камчев ја финасисрал кампањата на неговата партија.

– Да бидеме искрени, мислеа на господинот Камчев. Тој излезе со демант еве и јас излегувам со демант. Многу е лошо кога човек влече реминисценции од сопственото однесување. Не разбираат дека има луѓе чесни во оваа држава. Не се сите Луј Витон и ресторан во Југоисточна Македонија со провизија од 5 до 10 отсто. Има чесни луѓе во оваа држава. Има луѓе кои што си ја сакаат татковината и работат за да биде како што треба. Немаме такво финансирање. Со микрофон во рака шетавме 16 метри кабел и платформа. Така ќе биде и на овие избори најверојатно, вели Мицкоски.

Слични содржини