Мицкоски не може да се одлучи: Не сум емотивен, ама емотивен сум за некои прашања

Во своето гостување на МТВ, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги оправда чекорите на својата партија во однос на буџетот и обвини дека Заев веќе 4 годинии во однос на сите теми го повторува истото.

„На парламентарните избори загуби демократијата. Ако вратите 4 години, ќе ги слушнете пак истите фрази од Зоран Заев, само тогаш како опозоционер, а сега како премиер“, истакна Мицкоски.

На новинарско прашање, зошто ВМРО ДПМНЕ не гласаше за буџетот, Мицкоски вели:

„Ако го пролистате буџетот ќе видите дека е нула. Како премиер истакнувате ветувања, а ништо не е содржано во рамки на буџетот. Јас за фокус на енергетиката слушам веќе 4 години. Паметна Влада од 1000 амандмани, ќе усвоеа барем 5 од нив. Толку ли не знаеме да дадеме амандмани. Предложивме бесплатни компјутери за 10% од децата кои не можат да следат онлајн настава. Јас ќе земам плата од мегаломански и расипнички буџет. 0,1% се наменети за наука. Не сум емотивен, ама сум емотивен за деца кои не се во можност да следат настава“.

Слични содржини