Мицкоски: Не му се извинив на Села за 27-ми април

од Nikola Popovski

„Кажав дека жалам за тоа што му се случи на господинот Зијадин Села на 27-ми април и посакав никогаш да не се повтори, но не се извинив, затоа што јас не сум причината за тоа“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Тој напомена дека господинот Таравари лошо ја рефлектирал неговата изјава.

„За да се извините за нешто треба биде да сте причината за тоа што се случило. Јас не сум причината и не можам да се извинам за нешто“, потенцира Мицкоски.

Слични содржини