Мицкоски: Не ни треба ниту антиквизација, уште помалку ни треба севернизација (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Македонизмот не како привилегија на македонскиот народ, туку македонизмот како дел од секој граѓанин во оваа држава. Сите тука сме се родиле, сите тука сме тагувале, сме се радувале и најмалку што и должиме овој пат да си го поставиме прашањето што можеме ние за неа да направиме, а не што може таа да направи за нас. Македонија е нашата татковина и мора да се избориме да ја вратиме нејзината гордост, достоинство, чесност и честитост заедно“, вели денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од трибината во Куманово.

„Не ни треба ниту антиквизација, уште помалку ни треба севернизација на нашата држава. Нас ни треба враќање на македонизмот, враќање на Македонија во македонците, тоа е она што нам ни треба и за тоа ќе се бориме, македонизација во Македонија, кај македонскиот народ и кај сите граѓани на Република Македонија“, посочува Мицкоски.

Слични содржини