Мицкоски не се појави во полициска станица, имал обврски

од Берта Китинска

Утрово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не дојде да даде исказ во полициската станица во „Беко“ во Скопје  за случајот на „Боемска улица“.

Според наши извори Мицкоски ја примил поканата уште во четвртокот, но не успеал да дојде поради обврски со изборите, како свој преставник го  испратил својот адвокат.

Мицкоски беше повика да даде исказ  за случајот кога од страна на инспектори беше затекнат како седи во внатрешноста на кафана во Дебар маало, иако тоа беше забрането поради ширење на Ковид 19.

Слични содржини