Мицкоски не успеа да изгради став: Секој граѓанин да постапи според сопственото убедување

од desk4

 Донесовме одлука секој граѓанин на референдумот да постапи според  сопственото убедување, соопшти лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски синоќа на  полноќната прес-конференција   по неколкучасовните состаноци на Извршниот и Централниот комитет на опозициската партија. 

Одлуката, рече, е донесена по консултациите со граѓаните и различните мислења кои постојат меѓу  народот – за апстиненција или да се гласа против, но и  оние, како што рече, помалку на број, кои  сметаат дека треба да се поддржи.

–  Секоја индивидуа со сопствениот  морал и совест ќе донесе одлука која смета дека е најдобра, пред се, за своето семејство, и за нашата мила Македонија. Македонија ни е  се. Нема партиите  да одлучуваат. За национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука сите ние ќе се поклониме, посочи Мицкоски.  

Мицкоски жестоко ги криткуваше политиките на Вчадата на Заев, го негираше договорот со Грција,  реагираше и на, како што рече, жестоката и предвремена кампања за референдумот, а премиерот Зоран Заев го повика на нов ТВ-дуел.

Рече дека четири месеци немале јавно соочување и дека на граѓаните треба да им се разјасни немањето резултати во досегашното владеење.

Тој сепак иако побара дуел и да му поставува прашања на премиерот Заев , не сакаше да одговра на прашањата  на новинарите и да се соочи со медиумите кои до полноќ чекаа на прес конференцијата.

Мицковски се сокри и не го кажа ниту личниот негов став, став  како лидер, дали тој ќе излезе на референдум на 30 ти, дали имало единство во партијата, како е донесена одлуката…

Слични содржини