Мицкоски: Нема да глумиме нормализација, ќе продолжи блокадата на Собранието

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски жали што премиерот Димитар Ковачевски се уште не прифатил дијалог со него за решенија.

-Неговото одбивање предизвика реакција преточена во активна блокада, засилена со голем граѓански протест, каде ќе порачаме дека премногу е од сѐ што досега видовме од оваа власт, дека молкот не е опција и дека ие време за промени кои ќе донесат иднина. Не сум човек кој импровизира и сум човек кој сака да биде точен. Не сум човек кој прибегнува кон радикални методи, но понекогаш заострувањето на делувањето е нужност, кога власта има целосно отсуство на разум. Одбран е 18-ти јуни како датум кој треба да биде меѓник помеѓу првиот и вториот дел од нашите активности, кои ќе бидат континуирани во текот на летото, вели Мицкоски во интервју за „Дојче веле“.

Според него, „активната блокада на Собранието ќе продолжи и нема да глумиме нормализација“.

-Протестот е на само неколку дена пред самитот на Советот на ЕУ, каде сѐ уште не се знае каков резултат може да се очекува, затоа што опозицијата се држи во целосен информативен мрак од страна на власта, додал Мицкоски.

Слични содржини