Мицкоски: Ние како ВМРО-ДПМНЕ баравме да се наградат лекарите, но бевме одбиени

од Nikola Popovski

На дебатата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му посочи на Зоран Заев дека со тоа што знаел дека на изборите ќе му се случи пораз во април, мислејќи да профитира во кризата и дека народот ќе му даде поддршка ги втурнал граѓаните во апокалиптично сценарио.

„Вашата намера господине Заев не беше чесна и честита затоа што знаевте дека ќе ви се случи катастрофален пораз на изборите во април, а потоа мислејќи во услови на криза дека народот ќе ви даде поддршка, вие мислевте дека на тој бран ќе добиете избори, а го втурнавте народот во апокалиптично сценарио“, критикуваше Мицкоски.

За предлогот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, здравствените работнити да добијат медал на храброста, Мицкоски изјави дека тоа прво било предлог кој бил даден од ВМРО-ДПМНЕ. 

„За жал тогаш не беше прифатен, сега пред избори мислат дека на тој начин ќе ја добијат симпатијата од страна на граѓаните, од страна на лекарите, од страна на медицинскиот персонал“, му реплицираше Мицкоски на Заев.

Мицкоски вели според негово мислење здравствените работници и лекарите се чувствуваат измамено, се чувствуваат  разочарани и никакво милосрдие нема од Зоран Заев и оваа гарнитура за оние луѓе на кои им е потребна во коронакризата.

Слични содржини