Мицкоски: Ние не сме талибанци, да бришеме историски факти

од Берта Китинска

Шоканта е изјавата на премиерот Зоран Заев за бришењето на „бугарски фашистички окупатор“ од учебниците, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој смета дека по промената на власта историјата ќе биде вратена така како то ја признава светската историја.

-Веднаш при промената на власт, ние не сме талибанци, да бришеме историски факти, ќе ги вратиме тие историски факти такви какви што светската историја ги признава. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти. И наместо да бараат да бришеме учебници треба да дојдат овде и да се извинат на овој народ, рече Мицкоски.

Слични содржини