Мицкоски: Ние сме апсолутно рекордери на Балканот по починати од заразата, крајот на август е добар период за избори

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Клан телевизија истакна дека по цена на здравјето на граѓаните, Владата на СДСМ се труди да ги задржат фотелјите.

„Факт е дека датата за избори кои што ќе се случат треба да се донесе со компромис. И тука нема никаква дилема бидејќи тој принцип ние го усвоивме уште за време на првата лидерска средбакај претседателот Пендаровски, кога ги закажавме изборите за април месец. За жал тие избори не се случија“, појасни Мицкоски.

Тој посочи дека крајот на август и почетокот на септември би бил добар период за одржување на избори од позиција на заштита на здравјето на граѓаните.

„Да ја потсетам македонската јавност дека ние практично сме рекордери и по една друга категорија, а тоа е бројот на луѓе кои што за жал го загубиле својот живот, тука сме апсолутно рекордери на Балканот.И кога сето ова ќе го ставите на кантар и ќе видите каква е економска ситуација во моментов во државата, односно немерките кои што се превземаат и очекуваниот револт кај граѓаните, нивната позиција за мене како политичар е разбирлива, но како граѓанин е неоправдлива. Затоа што вие не можете по цена на здравјето на граѓаните и по цена на животите на луѓето по секоја цена да гледате да ги задржите фотелјите“, изјави Мицкоски.

Слични содржини