Мицкоски: Никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт

од Vladimir Zorba

„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ. Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица. Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт“, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ФБ статусот на Димитар Апасиев од Левица, кој вели дека тие не сакаат да донесат некој на власт, туку тие самите дабидат власт.

Побаравме да се обединиме да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт. Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо не чини. Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ. Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство“, сподели меѓу другото Мицкоски.

Слични содржини