Мицкоски: Ниту еден претходен претседател на ВМРО-ДПМНЕ не организирал повеќе протести од мене

од Nikola Popovski

„Организиравме протести целиот овој период. Јас не знам кој претседател на ВМРО-ДПМНЕ организирал повеќе протести од мене. Да се навратиме, какви беа протестите од 1990 до 1998? Какви беа од 2002 до 2006? Јас имам повеќе од 150 јавни настапи во овие три години откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прашањето зошто партијата не протестирала за клучните процеси и делувала „многу млако“.

Според него, партијата реагирала навремено, запрашан за тајмингот кога се организирале протестите, како на пример додека траеле преговорите со Бугарија, но, потсети и дека како политичар, тој мора да носи одлуки согласно сите информации кои ги има.

Тој исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ бара попис со отисок, кој ќе даде реална статистика, а е можен затоа што со истиот механизам треба да има локални избори, и не е јасно зошто не се набави порано.

„Ние предлагаме да има терминали за отисок на прст. Имаме закон во кој што следните локални избори мора да набавиме терминали каде граѓаните наместо она прскање спреј, ќе дојдат и ќе го стават показалецот на тој терминал и врз основа на тој отисок на прст, практично ние ќе знаеме дали тој граѓанин е тука или не. Ако не е тука за пописот кога двајцата попишувачи ќе го посетат дома, тогаш ќе има можност да појде во рамките на општината и таму да се попише. Од тоа нема порелевантен показател“, посочи Мицкоски.

Слични содржини