Мицкоски: Новата владина коалиција е пластелин коалиција

од Берта Китинска

Ова што се случува изминативе денови претставува политичка некултура и препелкање на самиот Зоран Заев и СДСМ и обид, колку толку да го продолжат својот политички век на траење на неколку недели,вели  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со новата владина коалиција во која влезе и Алтернатива.

-Сите се таму незадоволни, таму не се знае кој е задоволен, дури и во СДСМ меѓу себе изразуваат незадоволство, ова е пластелин коалиција, коалиција за неколку недели да биде продолжен политичкиот век на траење на неколкумина од врхушката на СДСМ, рече Мицкоски.

Тој  рече дека токму тоа е суштината во пристапот на Зоран Заев која е целосно погрешна и уште еднаш заклучи дека тоа всушност е последниот чин од обидот да се уништи Македонија.

-Срамно е ова што се случува, срамно е што политиката се сведе на трговија како на зелен пазар и наместо да зборуваме за стратегија, за визија, да зборуваме за вредности, да зборуваме за проекти за развој, денес дебатата се сведува на тоа кој – колку министерски места добил, колку директорски места добил, колку членови во управен одбор, колку во надзорен и на крај на денот сето тоа го плаќа сиромашниот граѓанин во Македонија, рече Мицкоски.

 

 

Слични содржини