Мицкоски: Нудевме мерки за справување со Ковид-19, но ни ги прифаќаа со задоцнување од недела дена

од Nikola Popovski

Ние сме држава со најнеспособна влада. Минатата недела сме први според бројот на починати од коронавирус на 100.000 граѓани, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во телевизискиот дуел со премиерот Заев во емисијата „Само вистина“.

Според него, на никој око не му трепнува за тој црн податок.

-Кога нудевме мерки и истите ги прифаќаа со задоцнување од недела дена, откако десетици граѓани ќе го загубеа животот. Наместо да трчаа по провизии за вакцини, требаше да се обидат да најдат начин како да учествуваат во производство на тие вакцини и да го имунизираме населението. На дното сме со справувањето. Ова е гласот на обичниот граѓанин, смета Мицкоски одговарајќи на темата за ковид-пандемијата во земјава.

Слични содржини