Мицкоски објави: Избран e новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНE

од Nikola Popovski

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешното заседавање на партијата го избрало Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар.

„Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата. Сајко нека е со успех позицијата, нѐ чека многу работа и заеднички битки. Се до конечна победа над мафијата“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Тој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието.

Инаку во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.

Слични содржини