Мицкоски: Очекувам нови 14 денови вонредна состојба за да кажат дека ќе одат на избори на 5 јули

од Nikola Popovski

На новинарско прашање, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјави дека очекува претседателот Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба за нови 14 денови.

„Тоа се прави за да кажат дека ќе одат на избори на 5 јули. Откако ќе заврши новата вонредната состојба, ќе имаат точно 22 денови за да организираат избори. Тоа го очекувам во наредните денови да се зборува“, вели Мицкоски.

Тој дополнува дека ова не е игра, дека луѓето ги губат животите и дека не сака вака да научи да живее во животот со короната.

„Нелогично е барањето на истите луѓе кои олабавуваа мерки сега да бараат вонредна состојба. Истите луѓе кои претходно ги олабавуваа мерките, вчера убедуваа дека  размислуваат за повторно воведување на мерки“, вели Мицкоски.

Тој ги повика членовите на Комисијата за заразни болести да не го слушаат Зоран Заев и да решаваат според медицинските наместо политичките потреби.

Слични содржини