Мицкоски од Ташмаруништа испрати апел за обединување против Заев и рушење на власта

од Vladimir Zorba

„Знам дека ова време се најтешките години од независноста до денес, но сетете се колку им било тешко на грамадните Илинденци да кренат востание против најголемата империја, и асномците да се борат против дотогаш најголемата воена сила некогаш позната во човештвото. Голораки, против најголемите, но со срце пламено, со храброст грамадна“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своетообраќање денес од Ташмаруништа.

Илинден, вели тој, е на сите, и затоа денес Македонија мора да биде земја за сите. И затоа мораме да успееме како земја и не смееме да се задоволуваме со просечни работи, а во ова тешко време просечноста ни изгледа добра, бидејќи си имаме работа со најлошите што некогаш се појавиле на нашата политичка сцена.

„Срамно е што за прв пат во триесет години независност ја променија прославата за Илинден. На Мечкин Камен нема говор, едно затоа што немаат што да кажат, друго затоа што се плашат од народот кој ќе им каже што мисли за нивното владеење. Стево Пендаровски не може да биде точката на обединување, тој е точката на разделување. Зошто е точката на разделување? Затоа што човекот фати страна и реши да молчи тогаш кога требаше да биде гласен. Кога имаше изборни фалсификати, кога требаше да се спротивстави на лошите закони, кога Заев си договараше промени на сметка на идентитетот. Јас не би бил искрен, и ќе го разочарав народот ако денес бев заедно со нив, и би послужил на таквиот декор, а тие вечер ќе си продолжеа со нивниот традиционален криминал. Одбрав да бидам тука меѓу вас во Ташмаруништа, меѓу народот“, вели лидерот на опозициската партија.

„Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот и сме пред прагот на победа, но во исто време предупредувам дека си имаме работа со нечесни луѓе. Го кажувам ова многу внимателно и многу свесно. Затоа разликата на изборите мора да биде поголема, а за да се случи тоа потребно е големо обединување и народ кој ќе излезе на избори“, истакна Мицкоски.

Немаме повеќе животи за трошење. На една маса мораме да седнеме сите на кои Македонија ни е важна и таква подадена рака ќе значи свесен чекор и одговорност кон народот. Народот ќе ја види разликата. Една прачка лесно се крши, но цел сноб прачки е силен како греда. Затоа тука во Ташмаруништа, на ден Илинден испраќам порака на обединување, не нешто што е многу повеќе од коалиција за власт, туку обединување на блок, составен од обесправени, жедни за правда и добар живот против власта која ги краде нашите животи и ја одзема иднината. Илинден обедини генерации Македонци за слобода, и за тоа испраќам апел за обединување против оваа корумпирана и криминална власт и рушење на локалните избори,додава тој.

Слични содржини