Мицкоски: Од утре организираме блокади во Скопје и 10 градови во Македонија

од Nikola Popovski

„Ова можеме да го спречиме само на еден начин, а тоа е јавноста со својата критика, а истовремено и народ на улиците, во рамките на тоа ВМРО-ДПМНЕ секој ден почнувајќи од утре ќе ги блокира на три места Скопје и десет градови во Македонија во периодот од 15 до 17 часот, се додека на јавноста не и биде покажан документот „Патоказ“ или како сакате наречете го, којшто го преговараа двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија“, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција пред седиштето на партијата.

Тој рече дека од високи дипломатски извори, од Брисел, но и од официјална Софија дознале дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија.

Апелираше до сите политички партии да се приклучат на барикадите.

„Да не биде после тоа доцна, за тоа што грешката денеска која што ќе се направи може да има влијание на иднината на сите оние генерации кои што се неродени и сите оние генерации кои што практично се денеска со нас и кои што треба нас да не наследат“, рече Мицкоски.

Слични содржини