Мицкоски одби да се дистанцира од Груевски

од Aleksandar Todeski

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашнит ТВ дуел со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, покажа дека се уште нема намера да се дистанцира од претходникот Никола Груевски, кој ја напушти земјата откако беше осуден на затворска казна, ниту пак, да ги напушти неговите деструктивни политики.

Заев го повика јавно да се огради од Груевски ако сака да им докаже на граѓаните дека не е негов послушник и дека неговите политики не се водени од Будимпешта, но Мицкоски не собра храброст да го стори тоа, по што социјалните мрежи вриеја од коментари дека покажал оти е само извршител и наследник на криминалната политика на Груевски.

Кога Заев му објаснуваше на Мицкоски дека судството е независна власт и дека завршило времето кога извршната власт раководела со правосудството, искористи прилика да истакне дека тој мрачен период е поминат и дека новата реалност со Законот за Јавно обвинителство, е дека обвинителите и судиите делуваат независно.

„Како што го гледам ова сега, ВМРО-ДПМНЕ не може да направи разлика меѓу извршна, законодавна и судска власт. Не можете да се одлепите од матрицата на Никола Груевски, цело време зборувате исто како него. Тоа е тоа што го гледа и јавноста, извршител сте на Груевски или еден инструмент со кој диригира Греувски“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во тв соочувањето во емисијата „Само вистина“.

По квалификацијата до страна на Заев дека Мицкоски е управуван од осуденикот Груевски од Будимпешта уште еднаш го повика лидерот на ВМРО ДПМНЕ јасно да се дистанцира од режимот на неговиот претходник.

„Еднаш треба да се оградите од Груевски, еве ви прилика, јавно пред камерите, директно, оградете се од Груевски, кажете јас се оградувам од Груевски и да расчистиме со таа работа“ – повика Заев.

Наместо да се огради од Груевски и да покаже дека навистина е промотор на нов концепт и поинаква партија, Мицкоски само го повторуваше единствениот неоснован аргумент дека ништо не знае за годините од власта на Груевски, период во кој самиот тој беше на партиска и на државна функција.

Слични содржини