Мицкоски останува заглавен во режимската матрица која сака државата да ја врати во изолација, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba

„Христијан Мицкоски останува заглавен во режимската матрица која сака државата да ја врати во изолација, поделби и неизвесност, скарана со соседите и со демократскиот свет“, соопштуваат од Бихаќка.

„Никој од него не очекува ништо поинаку, тој не знае и не сака да работи за интересите на граѓаните.

Политичарот без став Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ насекаде лобираат да не започнеме проговори за членство во ЕУ и на секој начин ги поткопуваат државните интереси.

Мицкоски знае само да блокира, да кочи и останува против сите успеси на државата, против интересите на граѓаните“, додаваат оттаму.

Слични содржини