Мицкоски: Откако ќе го заштитиме здравјето на граѓаните, Заев ќе доживее изборен дебакл

од Берта Китинска

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев треба да излезе со нови мерки за заштита на населението од коронавирусот.

-ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од Луј Витон обвинителство и трас трас судството, она што не е загрижува е зголемениот број на случаи ние денеска станавме рекордери на Балканот дајте да спасиме повеќе човечки животи да работиме на протоколи, поминаа три месеци без конкретни мерки, да го завршиме тоа, па на првиот слободен датум да се одржат избори. Откако ќе го заштитиме здравјето на граѓаните Заев  ќе доживее изборен дебакл, изјави денеска  Мицкоски.

Слични содржини