Мицкоски покачувањето на платите на наставниците вели дека е ништо во споредба со реалната состоја

од Hristina Nikolovska

-Доста беше лутање и талкање од крајности во крајности. Доста ни беа моменти на антиквизација или моменти на севернизација. Ние сме горди Македонци што говорат македонски јазик и родени во Македонија и од тоа нема бегање и затоа треба да се бориме од прв до последен. Да се вратиме на тоа што сме, тоа што биле нашите родители, тоа што биле нашите дедовци и баби, тоа што биле наши Македонци, горди Македонци од Македонија. Назад на македонизмот во Македонија! – порача лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево во Радовиш.

Во однос на постигнатиот договор меѓу МОН и СОНК, Мицкоски вели дека ова зголемување од 10% е ништо во споредба со реалната состоја во којашто денеска требаше да бидат примањата на вработените.

-Го слушам вчера како вели дека е постигнат историски договор помеѓу МОН и СОНК. Истиот оној синдикат кој што побара со мене да се види и да разговара, а потоа избега и не дојде на средба. Причината зошто не дојдоа они треба да ја кажат. Еве јас нема да навлегувам во детали. Но сакам да го прокоментирам тоа, велат постигнале историски договор, постигнале зголемување на плати на просветните работници од 10%. Ќе ве потсетам синдикатот во образованието, науката и културата потпиша колективен договор со Владата на Република Македонија и тој колективен договор изминативе три години не се почитува. Ова зголемување од 10% е ништо во споредба со реалната состоја во којашто денеска требаше да бидат примањата на вработените. Зошто? Затоа што постојат коефициенти, тие коефициенти се однесуваат на минималната плата и денеска наставниците во основното и средното образование доколку Зоран Заев и оваа влада го почитуваат колективниот договор требаше да бидат минимум 31 250 денари, а да не зборуваме денеска за овие понижувачки трошки од 10%.

Мицкоски во Радовиш рече дека владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето од мај месец ќе се врати кон колективниот договор и почитување на истиот договор и платите на вработените во образованието, науката и културата ќе бидат согласно колективниот договор и ќе бидат многу поголеми од, како што рече, овие 10% коишто денеска ги ветуваа.

Средбата со граѓаните е во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“.

Слични содржини