Мицкоски: Поткупот е брутален и ова не е фер кампања

од Nikola Popovski

Граѓаните во продавниците ќе видат кои се цените во споредба со лани. Дополнително на ова е енергетската криза, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според него, празни се депониите со јаглен во РЕК Битола.

-Не копаме јаглен. 300 камиони се потребни за РЕК Осломеј, а за РЕК Битола 900 камиони. Ние увезуваме јаглен од Косово, ова го нема никаде, рече Мицкоски и додаде дека поткупот е брутален и ова не е фер кампања.

-На четири дена пред гласање се десетици милиони евра за поткуп на гласови. Верувам во народот дека ќе ја казни власта. Јасен е Изборниот законик, потенцира Мицкоски.

Слични содржини