Мицкоски предлага Собранието да има 90 пратеници

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека треба да се намали бројот на пратеници во Собранието.

-Размислуваме да предложкме концепт кој што цениме дека ако партиите во Собранието се искрени, би можеле да го прифатат. Од друга страна мислам дека граѓаните ќе го поздрават, а тоа е намалување на бројот на пратеници, бидејќи 120 е преголем број, да биде на пример 90 по словенечкиот модел. Истовремено да имаме и една изборна единица, изјави Мицкоски во емисијата „360“.

Во однос на барањето за предвремени избори, Мицкоски се сложува дека тие треба да бидат „веднаш и сега, но е апсолутно свесен дека тоа не значи денес или утре, туку дека мора да почне да се размислува“.

Слични содржини