Мицкоски: Предупредував дека ќе има промена на учебниците по историја

од Берта Китинска

Не е ова од комисијата денес, тоа е од претходните состаноци колку што јас знам и јас предупредував дека ние наместо да зборуваме за 21от век, за 22от век, за иднината, ние ќе зборуваме за средниот век како што впрочем видовте и денеска се зборува за Цар Самоил, за Климент, се зборува за Наум, Кирил и Методиј, и се зборуваат неточни работи. И практично ние сега треба да ги менуваме, односно да ги цензурираме учебниците на децата кои што ќе учат во училиштата под диктат и под притисок на Бугарија,лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сега би сакал да ги видам сите овие фини господа овде во Европа и кои што не убедуваа дека нема да збориме за минатото, да не погледнат во очи нас Македонците и да ни кажат дека не зборуваме за минатото, туку зборуваме за вештачка интелигенција, зборуваме за почист воздух, за почиста вода за пиење во Тетово, за канализација во Арачиново, зборуваме за асфалтирани патишта, зборуваме за завршен автопат кој што ќе ги поврзи Кичево и Охрид итн. Уште поголем срам е што кога зборуваме за средновековието, ни излезе новата квалификација на Шангајската ранг листа, па меѓу 2000 универзитети во светот, нема ниту еден од Македонија. Тоа е уште поголем дебакл за овој режим предводен од ДУИ и СДСМ. И овој срам и овој диктат ќе продолжува и понатаму, така што темата е политичка и јас на сето ова континуирано предупредувам. Но очигледно дека крајот доаѓа и за сето ова ќе има одговорност, еве јас ви ветувам, кажа Мицкоски.

Слични содржини