Мицкоски: Преспанскиот договор нема да биде завршена работа се додека сум на чело на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

„Од мене луѓето не очекуваат ниска и примитивна дебата. Тоа го очекуваат од него, но јас не сум таков“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“.

Според него, се додека е ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор не може да биде завршена работа и се додека е на чело на партијата.

„Не може да имате двојни стандарди. Си ја сакаме Македонија, затоа што сме патриоти, а не националисти. Кога Македонија ќе биде кај што и е местото, тогаш Договорот од Преспа ќе биде завршен“, додаде Мицкоски.

Слични содржини