Мицкоски се фокусира на победа на Данела и ново парламентарно мнозинство

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ има 55 илјади гласови повеќе од СДСМ на советничките листи. Иако сликата е јасна, има уште еден круг. Првиот круг поткуп на гласови, полнење на кутии, притисоци, уцени, а очекуваме во голема мера и во вториот круг бидејќи се во паника, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната  прес-конференција

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е блиску да формира мнозинство во Советот на Град Скопје.

-Многу блиску сме да формираме мнозинство во советот на градот Скопје. Фокусот ние да победи Данела во Скопје, а потоа природно ќе се наметне и темата за ново парламентарно мнозинство. Немаме дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник, а како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство, изјави Мицкоски.

Тој упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во коалиција со СДСМ кои се незадоволни, да му се придружат за формирање на мнозинство во Собранието и советите низ општините.

Слични содржини